Црвениот крст подели хуманитарна помош за сиромашни семејства од Куманово

Од:

Општинската организација на Црвениот крст-Куманово деновиве донираше хуманитарна помош за повеќедетни семејства, кои живеат во субстандардни услови. Помошта се состои од прехрамбено-хигиенски пакети, ќебиња, облека и обувки.

– Организиравме посета и поделба на хуманитарна помош на шестчленото семејство Станишковски како и петчленото семејство Ангеловски и двете од населбата „Вера Которка” кои живеат во субстандардни услови. Црвен крст Куманово го посети и седумчленото семејство Величковски по потекло од село Коњу преселено во населбата „Перо Чичо” кое исто така живее во многу тешки услови, изјави Бојан Петрушевски, секретар на општинската организација на Црвен крст-Куманово.

Црвениот крст-Куманово изминативе две недели подели и хуманитарна помош, прехрамбени пакети на 50 семејства од населбата „Средорек“. Деновиве хуманитарна помош и училишен прибор ќе биде поделен на ученици кои потекнуваат од социјално ранливи категории семејства од општина Старо Нагоричане.

Од општинската организација најавија дека во зависност од своите можности ќе продолжат да помагаат на најранливите семејства од социјален ризик во Куманово, Старо Нагоричане и Липково.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски