Црвен крст на Македонија го одбележа Светскиот ден на бегалците

Од:

Под мотото „И јас сум човек“, Црвениот крст на Македонија денеска, истовремено со активности во соработка со општинските организации во Велес и Гевгелија го одбележа 20 Јуни – Светскиот ден на бегалците.

Во Велес пред платото на новиот театар волонтерите на Црвениот крст делеа на граѓаните флаери и воедно читаа пораки за човековите права и хуманоста.

Како што изјави за МИА Александра Николова-Ивановски од Црвениот крст на Македонија не случајно Велес и Гевгелија се одбрани за оваа манифестација бидејќи овие два града се сметаат за два главни пункта на бегалците пред се’ од Сирија кои поради војната ја напуштаат својата земја и се упатуваат кон ЕУ, минувајќи по пат и низ Македонија.

– Целта на оваа манифестација е да ја разбудиме свеста кај граѓаните дека и бегалците се луѓе како нас и на секој од нас може да му се случи ваква несреќа како на овие луѓе од Сирија и други земји зафатени со војна. Денеска имаме се’ а утре може да немаме ништо.Затоа треба да им помогнеме нивниот пат низ Македонија да им биде полесен до онаму каде што се тргнати. Луѓето не треба да се плашат од нив туку да им помогнат, да им упатат по некој убав збор на поддршка, а ако тоа не сакаат, тогаш барем да не ги повредуваат и ограбуваат овие луѓе, потенцира Николова Ивановски.

Според статистиката, во Македонија од Сирија и други земји од Блискиот исток зафатени со војна, дневно транзитираат и по 300 бегалци, меѓу кои и жени со мали деца, изнемоштени и гладни на кои им е неопходна прва медицинска помош, храна и вода.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он

Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат сами да се грижат за себе

А1он

Митаракис: Грција спречува нелегални заминувања од земјата

А1он