Црвен крст Кочани: Со чистење на влезови на згради до помош на загрозени семејства

Од:

Општинската организација на Црвениот крст во Кочани и годинава е вклучена во имплеметирање на програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“.

Избрани младинци од четирите основни и двете средни училишта на територијата на општина Кочани поминуваат три обуки на кои добиваат десеминациска сесија за Црвениот крст, како и насоки за изработување на мали проекти и нивно документирање. Потоа се вклучуваат во следната фаза, а тоа е истражување во самите заедници каде што пронаоѓаат целни семејства кои што се социјално ранливи и ги истражуваат нивните потреби и помагаат за нивно остварување.

Во моментов на терен работат седум такви групи кои си имаат свои целни семејства. Мометално се насочени на собирање финансиски средства, па затоа спроведуваат една интересна и несекојдневна активност.

– Една таква активност е чистење на холовите и влезовите во зградите при што граѓаните донираат финансиски средства на младинците и сите тие финансиски средства ќе бидат наменети за помош на целно семејство, односно ќе се реновира нивниот кров. Станарите се позитивно изненадени од активноста на младиците затоа што неочекувано е младинци од 14 и 15 години да чистат влезови на згради, така што станарите ги поддржуваат и донираат, истакна Анета Коцева, секретар на ОО Црвен Крст Кочани.

Во план се спроведување и на други вакви креативни активности од страна на младинците на Црвен крст со што промовираат младински активизам и претставуваат позитивен пример за другите младинци за хуманост, солидарност, емпатија и човечност во заедницата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот