Црногорски камион излета од автопат и влета во дворот на тетовската полиција

Од:

Црногорски државјанин е возачот на каминот кој излета од автопатот Гостивар-Тетово, ја скрши заштитната ограда и заврши во дворот на тетовската сообраќајна полиција, информира СВР Тетово по увидот. 35-годишниот возач на камионот кој е соспственост на ЈП „Подогорица“ со повреди е пренесен во тетовската болница.

– Црногорскиот државјанин Љ.Д.(35), управувајќи товарно моторно возило „волво“ со приколка со црногорски регистарски ознаки, сопственост на ЈП „Подгорица“, на автопатот Скопје – Тетово, изгубил контрола по што удрил во банкината од автопатот. По несреќата, возачот е пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид врши екипа на СВР Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

За да биде извлечен од кабината на камионот интервенираше и тетовската пожарна.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва