Црна Гора се надева дека и Македонија наскоро ќе биде примена во НАТО

Од:

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ изрази надеж дека по неговата земја, и Македонија наскоро ќе може да се зачлени во НАТО. Маровиќ зборуваше за натамошното проширување на Алијансата за време на церемонијата во Вашингтон за официјален прием на Црна Гора во НАТО, пренесе Македонската Телевизија.

– Јас би сакал и Босна и Херцеговина и Македонија да го забрзаат својот процес. Знаете дека Македонија беше отидена многу далеку, но од различни причини заостана на тој пат. Верувам дека сега се создаваат околности и внатрешна атмосфера во Македонија да се тргне со забрзана интеграција не само кога е во прашање НАТО, туку и во Европската унија. Црна Гора е тука да ја зајакне, да биде со Македонија и да ја поддржи и охрабри и се разбира со своето знаење и искуство да придонесе тој процес да се заврши во најкратниот можен рок, изјави Марковиќ.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, исто така, најави дека Македонија и Босна и херцеговина може да бидат примени во НАТО доколку ги спроведат потребните реформи.

– Ова што го направивме денеска докажува дека вратата на НАТО е отворена за оние држави што се способни за реформи, да го спроведуваат владеењето на правото и да ги модернизираат институциите на одбраната. Работиме со Босна и Херцеговина и со Поранешната Југословенска Република Македонија да ги спроведат неопходните реформи на патот кон членство во НАТО, изјави Столтенберг.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени