Црн чад ги вознемири жителите на Ново Лисиче

Од:

Црн чад попладнево ги вознемири жителите на скопската населба Ново Личисе. До редакцијата на „А1он“ испратија фотографии, на кои се гледа густ црн чад во близина на течението на реката Вардар кај зградата на Фудбалската федерација. Жителите се жалат дека мириса на изгорени гуми и дека ова се случува се почесто.

Од општина Аеродром велат дека инспектори излегле на терен и го пријавиле случајот во Град Скопје и во општина Гази Баба, бидејќи констатирале дека е запален од другата страна на Вардар, на територија што спаѓа под општината Гази Баба.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан