Црквата „Свети Константин и Елена” почнува да се гради

Од:

Првичната идеја предвидуваше црквата Константин и Елена да се гради на плоштадот Македонија Но, по реакциите на групи граѓани, невладини организации и на Исламската верска заедница, власта се премисли и ја постави црквата спроти Домот на АРМ.

Изградбата на црквата Свети Констнтин и Елена во центарот на Скопје го доживеа својот старт. Местото пред домот на АРМ на улица Македонија е оградено полно со градежна механизација, пишува Вест.
Целосно е ископана дупката за темелите а камионите постајано ја изнесуваат земјата.

Инвеститор на верскиот објект е Македонската православна црква но од таму за Вест не дале никакви детали за градбата. Не се знае кога ќе бидат осветени темелите, ниту пак која е фирмата која ја гради црквата и колку пари ќе бидат потрошени.

Првичната идеја предвидуваше црквата Константин и Елена да се гради на плоштадот Македонија Но, по реакциите на групи граѓани, невладини организации и на Исламската верска заедница, власта се премисли и ја постави црквата спроти Домот на АРМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент