Црковно-народен собор во црквата „Покров на Света Богородица“ кај село Цера

Од:

По повод православниот верски празник Покров на Света Богородица во истоимениот манастирски комплекс на Еленец кај селото Цера денеска се одржува голем Црковно-народен собор.
Организатор на Соборот е Локалната самоуправа и е во функција на развивање на туризамот во руралните подрачја.

Во атарот на село Цера, на месностите Говедар, Побиен Камен,Марина Нива и Еленец се водени најжестоките битки за време на Втората балканска војна. На ова место се наоѓа и Спомен-костурница на загинатите српски војници во која е сместено и Подрачното основно училиште.

Во манастирската црква „Покров на Света Богородица“ утрово свештениците од архиерејското намесништво на Брегалничката епархија на МПЦ отслужија литургија. Соборот продолжува со фолклорна смотра, а завршува со трпеза на љубовта-заеднички ручек на кој за сите учесници на соборот се дели бесплатна манастирска манџа.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите