Цивил: Забележано кршење на изборниот молк

Од:

Набљудувачите на Цивил регистрирале кршење на изборниот молк.
Во раните утрински часови, партиски активисти оставиле пропаганден материјал пред вратите на куќи и станови. Ова кршење на изборниот молк се евидентирало во скопските општини Аеродром, Центар и Карпош, каде е вршена агитација со делење пропаганден материјал на една партија.
.
Набљудувач на Цивил од терен известува дека еден градоначалник ја злоупотребил својата функција, откако во овој материјал сугерира да се гласа за една партија, каде што стои и неговиот потпис.
Набљудувач од Струга известува дека низ градот се залепени нови постери, дури и по куќи, сообраќајни знаци и по јавни установи.
Од друга страна, се повторува практиката по социјалните мрежи да се објавуваат резултатите од изборните единици надвор од земјата и во официјалните страници на разни партии на фејсбук повикуваат да се гласа за нивната партија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Почина Самка Ибраимовски, долгогодишниот лидер на ПЦЕР и поранешен министер

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Почина Бранко Радовановиќ – македонското новинарство загуби уште еден свој препознатлив лик

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Врховниот суд го врати случајот со Модуларната болница на повторно постапување и одлучување

Предраг Петровиќ