Цивил: Oгромен број на неправилности и злоупотреби

Од:

Како што изјавија претставници од Цивил за НОВА, регистрирани се следниве злоупотреби:

– Организирано гласање од Пустец со автобуси кои ги довезале гласачите до Ресен
– Поткуп за гласови со пари и пакети храна, во сиромашни општини, претежно во ромските заедници (постојат снимки и изјави)
– Голем број на професори од средните училишта во Скопје барале од учениците кои имаат право на глас со снимка на мобилен телефон да им достават доказ за гласање за одредена политичка партија, после што им било ветувано поправање на оцени
– На многу места гласачите не можат да се најдат на гласачките списоци
– Партиски активисти регистрирале кои гласачи влегуваат и излегуваат од гласачките места
– Насилство и тепачки во изборни места
– Како набљудувачи во одредени гласачки места регистрирани се високи политички функционери

Сите инциденти, злоупотреби и нерегуларности ќе бидат објавени официјално од страна на Цивил.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?