ЦИР-а бара номинации за награди за општествена одговорност и филантропија

Од:

Центарот за институционален развој (ЦИР-а) ги повикува граѓаните да номинираат кандидати за Наградите за филантропија и општествена одговорност за 2011 година.

Повикот за номинирање, традиционално, се објавува петта година по ред. Со оваа акција, ЦИР-а настојува да се развиваат и промовираат добрите донаторски практики и општествената одговорност во Република Македонија.

Целта на наградите е да се препознаат добрите практики на одговорно делување и да им се оддаде признание на правните субјекти и индивидуалците за нивниот придонес кон заживување и развој на вредностите како што се солидарноста, почитта, етичноста, хуманоста и добротворството.

Граѓаните може да се номинираат или да номинираат друго лице или правен субјект во три категории, односно за осум подкатегории.

1. Награди за општествена одговорност на претпријатијата во подкатегориите:

  • – Награда за одговорен однос кон вработените;
  • – Награда за одговорен однос кон животната средина;
  • – Награда за корпоративна филантропија (посебна за мало, средно и големо претпријатие);
  • – Награда за севкупна посветеност (интегриран пристап) кон општествената одговорност;

2. Награда за индивидуална филантропија во подкатегориите:

  • – Индивидуален филантроп од Македонија и од дијаспората;

3. Награда за развој на филантропски практики во подкатегориите:

  • – Награда за филантропија за здружение на граѓани кое поттикнува донаторски практики кај претпријатија/индивидуалци;
  • – Награда за филантропија за институција или медиум кои дале посебен придонес кон развој на филантропските практики во Македонија.

Номинирањето за секоја категорија може да се направи на следниот линк, каде граѓаните треба да потполнат соодветен формулар: http://cira.org.mk/index.php/en/component/content/article/204

Краен рок за доставување на Формуларите за номинација (еден испечатен примерок и електронска копија на ЦД), заедно со дополнителната документација, е 3 јули 2012 година до 17 часот.

Прогласувањето на наградените и доделувањето на наградите ќе се направи на Гала-настан кој ќе се одржи во првата половина на јули 2012.

Би можело да ве интересира

Доделени наградите за филантропија ОКО

Ана Ололовска

Доделување награди за филантропија

Ана Ололовска

Доделени наградите ОКО за филантропија за 2016 година

Ана Ололовска

Доделување на наградите за филантропија ОКО

Наум Локоски

Конкурс за зелени проекти за традиционални бизниси

Емир Латифовиќ

Завршна сесија на Форумот во заедницата на општините Босилово и Василево

Емир Латифовиќ