Чулев: Снимката од Мицкоски во теретана е стара, вработена посочи дека скршениот шкаф е поправен во ноември 2019

Од:

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев посочува дека снимката од теретана на која се гледа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е стара. Тој вели дека полицајци разговарале со вработени во теретаната кои потврдиле дека објектот не работи по донесувањето на мерките на Владата, притоа, дека снимката е стара бидејќи не се гледа дека на вратите се залепени известувањата дека објектот не работи.

„Една од вработените посочила и дека снимката е од 20.10.2019 кога последен пат заедно ги видела во теретаната Х.М и полициските службеници. Дека се работи за настан од 20.10.2019 изјавиле и полициските службеници, кои појасниле дека тој ден извршувале работни задачи на обезбедување на претседател на политичка партија, што било потврдено и по увидот на системот на вработените лица во МВР“, пишува министерот.

Чулев убедува дека снимката е стара и бидејќи вработена во теретаната посочила оти на снимката се гледа шкаф без врата, а истиот има врата од минатата година.

„Дотолку повеќе дека се работи за стара снимка потврдува и изјавата на И.М. кое е лице вработена во конкретниот фитнес центар и која во својата изјава посочува дека видно од снимката која беше објавена на социјалните мрежи се гледа шкаф кој е без врата, а врата на истиот шкаф е поставена во ноември 2019 година“, додава министерот Чулев.

Тој соопшти дека врз основа на преземените мерки, Одделот за внатрешна контрола смета дека наводите изнесени на социјалните мрежи во врска со постираниот видео запис се неосновани, односно нема прекршување на одлуката за ограничување на движењето од страна на конкретните лица.

Снимката на која се гледа Мицкоски во теретана беше објавена на „Твитер“ пред неколку денови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски