Чулев порача да се почитува принципот на хиерархија воспоставен во МВР

Од:

Колегите во МВР мора да го почитуваат принципот на хиерархија воспоставен во МВР, доколку не го прават тоа ќе се соочат со дисциплинска одговорност, порача денеска министерот за вантрешни работи Наќе Чулев, кој беше во посета на СВР Скопје.

На средбата со раководството во СВР Скопје, било разговарано и за ингеренциите на министерот за внатрешни работи и околу телеграмата што вчера Чулев ја издаде.

– Целта е да се појасни дека министерот е тој што раководи со МВР и тој е задолжен за раководење согласно законот за организација на органите на државната управа со издавање решенија, прераспоредување и сите други активности во ингеренции на МВР, изјави по средбата во СВР Скопје, министерот Чулев.

Безбедносните предизвици во наредниот период на подрачјето на СВР Скопје, пред се справувањето со криминалот, натпреварот од висок безбедносен ризик помеѓу фудбалските репрезентации на нашата држава и Косово и претстојните парламентарни избори, исто така биле во фокусот на разговорите на денешната средба на министерот Чулев со раководните лица во СВР Скопје.

– На подрачјето на СВР Скопје најголеми безбедносни предизвици се имотните деликти и криминалот, вклучително и илегалната трговија со наркотици. Во наредниот период ќе бидат преземени интензивни мерки и активности во насока на идентификување на сторителите и разбивање на овие криминални структури, потенцира Чулев.

Во однос на пишувањата од некои словенечки медиуми за финансирање на македонски медиуми од страна на унгарски компаниии блиски во Владата на Виктор Орбан, министерот Чулев информира дека досега до МВР нема поденесено никаква пријава или одредени материјални докази со што би се потврдиле пишувањата на словенечклите весници.

– Доколку се поднесат такви материјални докази, пријави или документи, нормално како МВР во соработка со ЈО ќе постапиме. Досега нема никакв пријава, одговори министероит Чулев одговарајќи на нновинарско прашање дали ќе го следат примерот на нивните словенечки колеги.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он