Чулев: Нема пријава дека е следено и прислушкувано раководството на ВМРО – ДПМНЕ

Од:

Досега до МВР нема пријава дека е следено и прислушкувано раководството на ВМРО – ДПМНЕ. Доколку дојде, ние согласно оперативните процедури ќе постапиме и ќе го информираме Јавното обвинителство, рече техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, во одговор на новинарско прашање по изјавата на потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски дека тој е следен и прислушкуван.

На дополнително прашање дали има сознанија или не, Чулев потенцира дека тој нема сознанија, нема добиено пријава за прислушкување или следење на политички претставници.

На изјавата на дополнителната заменичка министерка за знатрешни работи, Славјанка Петровска дека имало пречекорување на полициските овластувања при акцијата за контрола на донацијата од семејството Заеви, извршена на 30-ти минатиот месец, Чулев појасни дека со оглед на сензитивноста на настанот веднаш дал наредба до Одделот за внатрешна контрола за да се испита случајот.

– Од Внатрешната контрола е констатирано дека полициските службеници не ги пречекориле полициските овластувања, меѓутоа има одредени минорни административни пропусти и од страна на Внатрешна контрола е констатирано дека има одредени административни пропусти во заведувањето на настанот, одговори Чулев.

Прашан дали имало налог или наредба за извршување на акцијата, Чулев рече дека полицијата постапила регуларно во поглед на контрола на ограничувањето на движењето на граѓаните и за тоа немало потреба од налог. Додека за другиот дел, кога било констатирано прекршување на ограничување на движењето,подвлече, бил консултиран дежурен јавен обвинител и понатаму целокупното постапување на полицијата било во рамки на соработката и под координација на јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ