А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Чулев ја повика Владата да ја усвои Уредбата за награди на полицајците

by А1он27/05/2020 - 12:3627/05/2020 - 13:10276
Share0

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ја повика Владата да ја усвои Уредбата со која е предвидена награда за полицајците. Рече дека полицијата професионално одработила во периодот од речиси 70 дена од 22 март кога беа воведени забрани за движење на граѓаните.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Полициските службеници, професионално, одговорно и пожртвувано си ја извршија својата задача. Најтешко го доживувам моментот кога одредени колеги од Владата ја злоупотребуваат полицијата за остварување на политички цели. Стојам на ставот дека тие треба да ја добијат паричната награда која ја заслужуваат. Ја повикувам Владата да ја усвои Уредбата“, рече министерот Чулев.

Тој извести дека изминатиот период вкуно 4783 лица не ја почитувале одлуката за ограничено движење, 3110 лица биле приведени. Поднесени се кривични пријави против 3412 прекршители.

„Покрај намалувањето на рестриктивните мерки, сепак, не треба да заборавиме дека вирусот и натаму е присутен во нашата земја. Апелирам да ги почитуваме мерките и одлуките на Владата за групирање, држење дистанца и носење заштитна опрема. Во наредниот пероиод ќе бидат зајакнати контролите во однос на почитување на одлуките на Владата за дистанца и носење заштитна опрема“, рече министерот Чулев.

Следете a1on на Youtube YouTube

Негова генерална оценка е дека граѓаните ги почитувале ограничувањата и биле сојузници на полицијата која ги контролираше мерките.

„Во неколку наврати потенцирав, а денес уште еднаш ќе подвлечам дека граѓаните се одговорни и генерално ги почитуваа мерките на Владата. Појавата на коронавирусот го изненади целиот свет, а не беше поштедено ниту МВР. Нашата работа е составена од изненадувања, за жал, најчесто негативни. Во оваа прилика, дозволете да констатирам дека МВР успеа брзо да се екипира, организира и да ги стави сите капацитети за заштита на секој поединец. Благодарност до сите вработени во МВР, а посебно на униформираните полициски службеници за секој час, секоја минута. Често ги посетував службениците на пунктовите, од очите на полицајците се гледаше патриотизам, гордост, но и несигурност“, рече министерот Чулев.

mvrvlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он08/09/2026 - 15:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он07/09/2026 - 10:25

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео