Чулев: Идентификувано е лицето на видеото кое наводно врши поткуп на гласачи во Шуто Оризари

Од:

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев информира дека СВР Скопје презело мерки и активности и постапки по објавениот видео клип со наслов ,,Организиран поткуп на гласачи од структури на МВР и пратеници од СДСМ”, за кое беше објавено дека полициски службеник во Шутка собира податоци од лични карти на Роми на кои им се ветува „хуманитарен” пакет од 1700 денари во замена да гласаат за Љатифе Шиковска во втората изборна единица. 

„Идентификувано е лицето кое што се наоѓа на видео клипот односно утврдено е дека се работи за лицето Ш.Е. од Скопје, вработен во Одделението за управни служби во МВР којшто на подрачјето на Општина Шуто Оризари во непосредна близина на општината врши соодветна активност со група граѓани од ромска националност. Од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи од Скопје извршен е разговор со истиот и и извршен е претрес во неговиот дом поради пронаоѓање докази предмет на кривично дело од чл.162 ,,Поткуп при избори и гласање”. При извршениот претрес не се пронајдени предмети по основ на кривично дело по чл.162, но од страна на друго лице А.В. кој што исто така е на видеото, приложен е список од околу 20 лица со име презиме, матичен број адреса и телефонски броеви рачно пишувани на обични листови од училишни тетратки. Согласно информациите добиени од страна на СВР Скопје, лицето Ш.С. дало известување дека пред да биде вработен во МВР бил активист на невладина организација која што во рамките на владата имала проект за донации на граѓани од ромска припадност кои што се од загрозена група граѓани и за таа цел наводно правел список со цел да биде дадена донација“, се вели во соопштението на министерот Чулев.

Тој вели дека Секторот за внатрешни работи од Скопје во координација со ОЈО ке продолжи со превземање на понатамошни мерки и активности во насока на целосно документирање на наводите и доказите на кривично-правниот настан и по исцрпување на истите до ОЈО Скопје ке биде поднесен соодветен поднесок.

„Парламентарните избори кои следат неопходно е да бидат фер и демократски. Во таа насока Министерството за внатрешни работи во престојниот период ќе ги засили своите активностите со кои ќе се спречат сите форми на изборен поткуп и притисок врз гласачите. Воедно во соработка со Држаната изборна комисија заеднички работиме на подготовка на соодветен едукативен материјал преку кои граѓаните ќе се информираат за санкциите кои се предвидени за прекршување на законот и изборни нерегуларности“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он