Чулев и Петровска заминуваат, Нухиу и Спасовски остануваат се до состав на нова Влада

Од:

Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ и Славјанка Петровска од СДСМ си заминуваат од позициите технички министри во Министерството за внатрешни работи, откако Државната изборна комисија ќе ги соопшти резултатите од предвремените парламентарни избори. Со МВР, до изборот на новата Влада кој се очекува да се случи на крајот на месец август, ќе раководи Агим Нихуи, кој раководеше со министерството и по парламентарните избори во 2016 година.

За разлика од измените во МВР, Оливер Спасовски ќе остане технички премиер. Дополнително, тој ќе биде и пратеник, со право на глас кога ќе се избира новиот состав на Собранието, како и новата Влада. Ова е предвидено со Законот за Влада, кој пропишува ваков состав пред избори, што е дел од Пржинскиот договор.

Според законот, со официјализирање на резултатите од изборите, си заминуваат и двајцата дополнителни заменик-министри од ВМРО-ДПМНЕ. Цветан Трипуновски заминува од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со кое ќе продолжи да раководи Трајан Димковски. Невенка Стаменковска-Стојковски го напушта Министерството за информатичко општество и администрација, кое ќе продолжи да го води Дамјан Манчевски, кој ќе биде и пратеник до изборот на новата Влада.

Функцијата и престанува и на дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ од СДСМ, во Министерството за труд и социјална политика. Претходно, разрешена од должноста технички министер беше Рашела Мизрахи, а со министерството до избор на новата влада ќе продолжи да раководи заменикот-министер Ѓонул Бајрактар.

Законот пропишува, по објавувањето на конечните и официјални резултати од изборите, Државната изборна комисија да им ги врачи мандатите на новите народни избраници со што престанува мандатот на досегашниот пратенички состав.

Актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери во рок од 20 дена треба да свика конститутивна седница на Собранието.

Претседателот Стево Пендаровски во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието треба да го додели мандатот на партијата или коалицијата која има обезбедено мнозинство или најмалку 61 пратеник.

Мандатарот во рок од 20 дена до Собранието треба да достави програма и имиња кои ќе го сочинуваат неговиот кабинет.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата