Чулев ги потврди назначувањата во МВР, командир на единицата „Тигар“ ќе биде Ивица Бисовски

Од:

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, во изјава за „А1он“ вели дека Ивица Бисовски е новоназначениот командир на Единицата за специјални задачи „Тигар“. Тој потврди дека е именуван по негов предлог и ќе биде на местото на Митко Даневски. Со назначувањето на Бисовски, министерот Чулев ја комплетира листата од 15 сектори кои добија нови командири.

Чулев потврдува дека промени има во СВР Скопје, каде што на местото од Тони Јакимовски треба да дојде Ристо Ставревски.

Во СВР Велес, наместо Злате Јаневски, ќе биде назначен Игор Ангеловски, во СВР Струмица со полицијата ќе раководи Васко Тодоров, во Штип командир ќе биде Александар Николов, а во Охрид на местото на Сашо Смилески, ќе биде Илија Милески и во СВР Битола, каде што прв човек ќе биде Андреј Василевски.

Министерот за внатрешни работи потврди дека промени направил и во одделот за сузбивање организиран криминал, каде што го назначи Александар Јанев, во Интерветната единица на СВР Скопје, со која ќе раководи Васко Наумовски, во одделот за телекомуникации, каде што го именувал Здравко Стојков за помошник-министер, во одделот за внатрешна контрола, каде што именуван е Филип Филиповски и во одделот за специјални полициски операции, со кој ќе раководи Сашо Зенговски.

Чулев со назначувањето на новите лица на раководните функции го искористи правото на 15 промени во раководните функции на одделенијата во Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари