Чулев апелираше до припадниците на Единицата за брзо распоредување да ја користат заштитната опрема која им ја дава МВР

Од:

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес во поглед на остварувањето на обврски и надлежности на полицијата по однос на справувањето со актуелната епидемија од корона вирусот, ги посети припадниците на Единицата за брзо распоредување во Полицискиот центар “Ѓорче Петров“ во Скопје.

„Во разговорот со раководните луѓе на единицата министерот Чулев непосредно беше информиран за сите тековни задачи на припадниците на ЕБР примарно околу доследното спроведување на мерките, уредбите и препораките на Владата, но и во делот на другите законски надлежности на оваа организациона единица на МВР.

Во кусото обраќање пред полициските службеници, Министерот Чулев ја истакна важноста на оваа специјална единица за Министерството за внатрешни работи, но и за целата држава. Тој истакна дека припадниците на оваа единица се исклучително храбри луѓе чија професионалност и посветеност е потврдена во повеќе клучни моменти за нашата држава.

Чулев нагласи дека посебен акцент е ставен на заштитата на самите полициски службеници кои се во буквален смисол на првата линија на фронтот во превенцијата и сузбивањето на епидемијата и нејзините последици по здравјето на сите наши граѓани, при што апелираше до нив да го заштитат своето здравје и да ја користат заштитна опрема која Министерството за внатрешни работи ја става на нивно располагање.

Во таа насока Чулев потенцираше дека Министерството за внатрешни работи има успешно реализирано набавка на заштитни средства и опрема. Сите потребни количини се веќе пристигнати во магацините на Министерството за внатрешни работи, а голем дел од нив веќе се дистрибуирани до сите организациски единици“, информираа од Минситерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски