Чудотворната Пречистанска икона на пресвета Богородица станува дел од Струшката Литија

Од:

На претстојната Струшка Литија што на 7-ми мај по 9-ти пат се одржува во Струга, новитет ќе биде присуството на Чудотворната икона на Пресвета Богородица, позната како Пречистанска (Крнинска) икона на Мајката Божја, која твори чудеса за сите што со вера и’ пристапуваат.

Богато украсена и носена од верните граѓани на Кичево, оваа чудотворна икона на Пресвета Богородица заедно со чудотворната икона на Св. Георгиј Победоносец, во чија чест и слава всушност и се организира Струшката литија (позната меѓу народот и како Ѓурѓовденска), ќе бидат мелем за очи и душа, за сите присутни стружани и гости на Струга не само од Македонија, туку и од странство.

И бидејќи Струшката Литија (Еордија) веќе одамна е прогласена за културно наследство на Македонија и прерасна во семакедонски настан, оваа година за прв пат, моштите на Светиот Великомаченик Георгиј, ќе бидат носени, не како досега од четворица видни граѓани на Струга, туку и од жители од другите градови во Македонија.

Струшка литија – рекламен спот from Bigorski Manastir on Vimeo.

Членовите на „Ансамбл Македонија“ исто така за прв пат оваа година ќе бидат дел од настанот, но програмата со којашто ќе настапат, се’уште ја чуваат како изненадување за присутните.

Ова е 9-та година, откако во полн сјај е обновена струшката традиција за одржување на Свечена литија секој 7-ми мај, ден по Ѓурѓовден, а во чест и спомен на Св.Георгиј Победоносец – заштитникот на градот Струга.

Би можело да ве интересира

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението