Човек пронајден мртов во кола на бензинска меѓу Штип и Радовиш

Од:

Во СВР Штип вчера било пријавено дека на бензинска пумпа на магистралниот пат Штип-Радовиш бил пронајден починат 65-годишен човек, соопшти МВР.

– Вчера околу 16:45 часот во СВР Штип било пријавено дека на бензинска пумпа на магистралниот пат Штип-Радовиш, во патничко возило „опел корса“, со струмички регистарски ознаки, бил пронајден починат Р.К.(65). Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт, информираат од МВР.

Увид извршиле екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција во Клиничка болница во Штип.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари