Човечки коски најдени кај Ростуше, најверојатно од монаси погубени пред еден век

Од:

Двајца монаси од монашакото братство на Бигорскиот манастир откриле човечки коски во близина на селото Ростуше во месноста „Кај поповите“ и случајот го пријавиле во полиција. Првичните информации наведуваат дека останките се на тројца монаси кои биле погубени на почетокот од минатиот век.

Од СВР Тетово информираат дека случајот во петокот попладне го пријавил игуменот на манастирот, по што увидна екипа била испратена на местото, каде што биле најдени коските. Од местото биле подигнати речиси сто коски и други материјали, кои подоцна се предадени на вештачење во Институтот за судска медицина во Скопје.

– По анализите ќе се знае повеќе од кое време потекнуваат и како коските се нашле на тоа место. Се проверува и дали се точни наводите дека станува збор за останки на лица кои биле погубени, во сé уште нејасни околности, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Бигорските монаси за несекојдневното откритие биле поттикнати од наводите на извесен Зенел А. (92) од селото Ростуше. Тој во еден разговор им кажал дека во 1918 година во карпестиот предел во близина на селото биле стрелани тројца монаси кои служеле во мијачкото село Галичник.

Би можело да ве интересира

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи