Матичните лекари не можат да прегледуваат пациенти и да издаваат рецепти за лекови затоа што порталот на Министерството за здравство повторно не работи.
„Порталот пак не работи! Илјадници пациенти не можат да се префрлат кај нов доктор и да си добијат хронична терапија! Сопственици на ординации заминуваат во пензија! Пациенти на ПЗУ – дали некогаш ќе види бел ден?“, напиша на Фејсук, д-р Лидија Чолакова Дервишова која е претседател на здружението на матични лекари.
Таа неодамна апелираше да се направат измени во „Мој Термин“ со цел пациенти со тумор со месеци да не чекаат ехо на дојка, простата или други дијагностички процедури.
Дервишова потенцираше дека системот е огромен стрес за матичните лекари затоа што некогаш тие се блокирани и при закажување приоритетни упати.