Членовите на Судскиот совет се поделија за разрешувањето на Лидија Неделкова

Од:

Членовите на Судскиот совет на минатонеделната седница го одложија одлучувањето за иницијативата за разрешување на експретседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, дознава „А1он“.

Нашите извори брифираат дека кога стингало да се гласа рефератот за Неделкова, кој бил негативен, меѓу членовите немало доволно гласови „за“, за да помине овој извештај за неразрешување на комисијата. Oсвен тоа, како што дознаваме, имало и член на Советот кој бил против заклучокот од негативниот извештај за врховната судијка.

Со оглед на тоа што Советот работел во редуциран состав, по заминувањето на Лидија Каначковиќ и Селим Адеми, се очекува оваа точка повторно да се најде на дневен ред за одлучување на една од следните седници, кога ова тело ќе биде комплетирано со новоименуваните членови.

Иницијативата за разрешување на Неделкова дојде од разрешениот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, кој, за неговата колешка поднесе две барања за разрешување до Судскиот совет.

Првото е за тоа дека Неделкова како претседателка на одделот за казниви дела во Врховниот суд на 25 март 2016 година изготивла писмо со невистината содржина адресирано до Кривичниот суд, во кое е наведено дека одделот го разгледал барањето и укажал дека СЈО мора соодветно да се легитимира за својата надлежност, иако одделот не одлучувал за тоа барање. Истото писмо потоа повторно било заведено со друг датум и доставено до судот.

Експретседателот на Врховниот суд, поднесе кривична пријава против Неделкова до Скопското обвинителство, но таа беше отфрлена.

Вангеловски ја иззема Неделкова да суди предмети на СЈО со образложение дека нејзиниот син Давид, работи во СЈО и ја прераспореди од кривичниот оддел во одделот за судска пракса.

На истата седница на Судскиот совет биле формирани комисии за разрешување на уште 13 судии за кои Советот добил барања по кои треба да постапува, а меѓу нив има судии од основните и од апелационите судови.

Би можело да ве интересира

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ