Членовите на ДИК барале дополнителни одговори за мерките за избори од Комисијата за заразни болести

Од:

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска присуствувале на еден дел од состанокот на Комисијата за заразни болести на која ги изнеле своите размислувања и поставиле дополнителни прашања во врска со протоколите за избори.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека во следите денови Комисијата ќе одговори на прашањата на членовите на Комисијата, а исто така рече дека тие, односно државата, би можела да одговори на потребата за заштитни мтеријали за изборите имајќи предвид дека станува збор за голема бројка.

– Во однос на заштитни материјали да, навистина имаме голема бројка така што на дел од потребите може да одговориме. Утрово на дел од состанокот, на Комисијата за заразни болести гости беа и членовите на Државната изборна комисија (ДИК). Врз основа на оној протокол што Комисијата го даде имаа допонителни прашања, дополнително нешто што не било превидено и во текот на следните денови Комисијата ќе им одговори, изјави Филипче, кој денеска заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов беше во посета на Клиничката болница „Мајка Тереза“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа