Членови на ВМРО-ДПМНЕ од Ранковце револтирани и незадоволни

Од:

[staff name=”A.A.” position=”Автор”][/staff]Иако очекуваа нов кандидат за градоначалник, Централата на ДПМНЕ го утврди Орце Тодоровски за кандидат за градоначалник по трет пат. Основачите и голем дел од членството се незадоволни од ваквиот избор на кандидат, бидејќи очекуваа соодветен кадар кој ќе понуди визија за развој на Ранковце, а не кандидат кој ќе си ги вработува сите од семејството и пријателите.

Поради ова дел од членовите и основачите на ДПМНЕ на вчерашната седница на Општинскиот комитет ги вратија членските книшки и јавно го изразиле незадоволството, велат извори кои од страв, сакаат да останат анонимни.

rankovce1

Исто така заради поделбата во неколку табори на членовите на Општинскиот комитет, неколку дена не можат да ја состават листата на кандидати за советници, а состаноците се тензични, со жестоки вербални пресметки. Го обвинуваат актуелниот градоначалник, кој добива можност за трет мандат, дека ги гледа само своите интереси и гради палата во село П’клиште со општински ресурси, дека многу слабо го одработил вториот мандат и дека не заслужува трет, вели жител на Ранковце.

Дел од незадоволните основачи и верни подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ вчеравечер преку летоци низ Ранковце побараа Орце Тодоровски да си замине, да не ја краде и задолжува општина Ранковце.
Исто така имаат набројано многу негативности од неговото работење кои може да ги видите од приложените фотографии кои ги добивме.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела