Чистка: Железничарите ќе стануваат редари во театар, портири, хаус мајстори

Од:

Македонски железници – Инфраструктура се ослободува од дел од вработените. Околу 90 – тина железничари ќе добијат нови работни места во други државни институции и претпријатија. Ова го јавува порталот ФАКТОР.МК според кој списокот со вработените кои ќе мораат да ја напуштат МЖ- Инфраструктура и ќе бидат прераспределени на нови работни места, веќе е готов и точно се знае кој вработен ќе ја напушти железницата.

Вработените се прераспределуваат на позиции во МКЦ, во театрите, водстопанство и слично. Ќе добијат работни задачи како портири, хаусмајстори , ќе се грижат за публиката во театрите.

Сепак, според сознаниијата на Фактор, вработените не се согласуваат со ваквиот потег со оглед дека на позициите на кои ќе бидат прераспределени, ќе добиваат и помала плата од онаа што досега ја имале во железницата. Токму поради тоа синдикалците веќе побарале средба со раководството на МЖ Инфраструктура.

Според ФАКТОР.МК освен овие 90 луѓе, има уште еден список со уште 100 железничари кои исто така ќе добијат нови работни места и ќе мораат да ја напуштат МЖ Инфраструктура. Прераспределбата е откако на барање на раководството на компанијата, Министерството за информатичко општество даде повратен одговор каде може да се трансферираат вработените.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска