Чистење одводни канали во Кисела Вода

Од:

Во општина Кисела Вода се врши чистење на одводните канали. Акцијата, како што соопштуваат, почна со чистење на Црниот канал во Потстаница кој започнува од улица “Малешевска” и завршува во Студеничани.

– Расчистување на згуснатата вегетацијата, наталожената тиња, како и на целиот отпад фрлен од несовесните граѓани, ќе продолжи со коритото на Мала Рада во селото Драчево, стои во соопштението.

Ваквите акции се дел од редовните активности на општина Кисела Вода, кои се одвиваат во летниот и почетокот на есенскиот период, а по потреба се чисти и почесто.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина, во која и самите живеат.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода