Со чистење дива депонија Прилеп се вклучи во Светскиот ден на чистењето

Од:

По повод Светскиот ден на чистењето 15 Септември денеска прилепските јавни комунални претпријатија „Комуналец“, „Водовод и канализација“ и водостопанското претпријатие „Прилепско Поле“ заедно со локалната самоуправа практично се вклучија во акцијата за чистење на градот.

Се чистеше градот Прилеп и некои дви депонии, меѓу кои дивата депонија во населбата „Тризла“ кон касарната „Мирче Ацев“.

Ѕвонко Јованоски, директор на прилепски „Комуналец“ нагласува дека се вклучуваат во акцијата за чистење на градот и оти Прилеп е меѓу првите во државава што го селектира отпадот. Годишно се селектираат 5 до 6.000 тони отпад.

– Се грижиме за животната средина со тоа што селектираме 5 до 6.000 тони отпад годишно од хартија, тврда пластика, текстил кој е лесно запалив. Прилеп е прв град во Македонија кој селектира отпад и придонесува за заштита на животната средина и да им оставиме на нашите поколенија чиста, здрава и еколошка животна средина, вели Јованоски и порачува да се депонира отпадот во депонијата во „Алинци“ и да не ја загрозуваат животната средина затоа што депонирањето е бесплатно.

За директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ Емил Јанески, најбитно е што секогаш се на располаѓање на граѓаните за здрава вода за пиење и за чист град.

– „Водовод и канализација“ секогаш ќе излезе во пресрет за подобрување на животот на граѓаните за почиста животна средина. Денеска сме располагање со сета механизација и со сите ресурси на граѓаните, рече Јанески.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски со порака дека ваквите акции се за зголемување на свеста кај граѓаните за чиста животна средина.

– Ова нека биде апел до сите граѓани денеска да ги исчистат домовите и дворовите, во компаниите да се исчистат работните места. Животната средина живот значи многу и со овој потег ќе делуваме на свеста на граѓаните за понатаму да имаме уште почиста животна средина, рече Јованоски.

По повод Светскиот ден на чистењето, со својот ангажман се вклучија и учениците во прилепските училишта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница