Чии се нашите пари?

Од:

„Чии се нашите пари„ или „Како се управува со нашите пари“?, на ова прашање ќе одговори утрешната трибина, организирана во  рамките на одбележувањето на 20-годишнината од својата работа Фондацијата Отворено општество.

Македонскиот Влада неодамна објави дека буџетскиот дефицит за оваа и за наредната година се зголемува на 3,5 отсто од брутодомашниот производ (БДП) или 288 милиони евра за годинава. Со ова продолжува трендот на зголемувањена буџетскиот дефицит, за чие финансирање државата континуирано се задолжува – над една милијарда евра за последните шест години.

Менаџирањето со јавните пари е една од најважните функции на управувањето со државата.

„На денот на гласање на парламентарни избори, македонските граѓани го делегираат своето право на управување со јавните пари, во рацете на партијата или партиите што ќе влезат во состав на Владата. Тоа право што гласачите го делегираат носи огромна одговорност со нив домаќински да се управува“, стои во најавата за трибината.

Трибината ќе се обиде да дојде до одговори на прашањата како се менаџира со јавните пари, дали е доволно развиена свеста кај граѓаните дека се тоа нивни пари, а само правото и одговорноста за управување го добива власта. Многу важно прашање што се наметнува паралелно со растот на задолжување е намената на кредитите со кои власта го задолжува населението и колкави се ризиците од растечкиот тренд на позајмување.

Со воведни излагања на оваа Трибина ќе се обратат Петар Гошев, поранешен гувернер на Народната банка на Македонија, Трајко Славески, поранешен министер за финансии, Ванчо Узунов – Правен факултет „Јустинијан Први” и Сеад Џигал – комуникол

Би можело да ве интересира

Сорос тврди дека поразот на Русија во Украина ќе ја распадне „Руската империја“

Сорос и Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи ковид тестови

Ана Ололовска

ПроПублика: Маск, Сорос, Безос не плаќале данок на доход со години

Ана Ололовска

Највисокиот суд на ЕУ против унгарските закони што го погодија универзитетот на Сорос

Ана Ололовска

Според Сорос, Си е закана за ЕУ

Ана Ололовска

Орбан: Сорос стои зад миграцијата на Балканот

Ана Ололовска