Чичаковски и сопругата на ексспецијалниот обвинител Ајро избрани за управни судии

Од:

Разрешениот претседател на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, е избран за судија во Управниот суд од 31 кандидат на денешната седница на Судскиот совет. Чичаковски беше разрешен поради бонусите кои си ги подели во ДИК заедно со останатите членови на Комисијата.

За управна судијка на денешната седница избрана е и сопругата на ексспецијалниот јавен обвинител, Артан Ајро, Елеонора.

Елеонора Ајро при последното рангирање на оценките немала доволно бодови за да биде избрана за судија во кривичниот или граѓанскиот суд и поради тоа ја ставиле на листата за обвинител.

Таа е третата судијка избрана во Управниот суд од Академијата за судии и јавни обвинители, иако денешниот избор е по стариот закон, бидејќи по новиот и за во овој суд кандидатите ќе мора да доаѓаат од Академијата. Управен важи за суд каде без завршена академија судството се полнеше со партиски или роднински кадри.

На денешната седница на Советот требаше да се избираат и 6 апелациски судии, но беше одложена. Причина е немањето координација за изборот на судиите.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Комисијата за заштита од дискриминација се жали на пресудата на Управен суд за обвинителката Ленче Ристоска

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии