Чичаковски: Фер и демократски избори услов за натамошен напредок на РМ

Од:

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски ги повика сите учесници на изборите да обезбедат фер и демократски избори со почитување на Уставот и законите во Република Македонија. Во интервју за МИА тој потенцира дека утрешните локални избори се услов за натамошен напредок на земјата и оти ДИК ќе стори се за успешен изборен ден.

– Во името на сите членови на Државната изборна комисија, ги повикувам сите учесници во изборите, изборната администрација, политичките партии, граѓаните, да обезбедат фер и демократски избори со почитување на Уставот и законите во Република Македонија. Граѓаните на Република Македонија очекуваат од ДИК и од изборната администрација да се обезедат фер и демократски избори кои се услов за натамошен напредок на Република Македонија, рече Чичаковски.

Можам да ветам, посочи Чичаковски, дека ДИК ќе стори се за да имаме успешен изборен ден.

– Ги повикувам општинските изборни комисии и изборните одбори, а особено политичките партии да ги почитуваат сите позитивни прописи и сите заеднички да обезбедиме одлични оценки од меѓународните и домашните набљудувачи за целокупниот изборен процес, истакна Чичаковски.

ДИК, според него, ги заврши сите активности за подготовка и организирање на Локалните избори 2017.

– Генерално завршени се сите активности за да обезбедиме фер и демократски избори, избори согласно Изборниот законик и другата позитивна регулатива во Република Македонија, вели претседателот на ДИК.

За Избирачкиот список повтори дека тој претставува добра основа за спроведување кредибилни и фер избори и оти тој е производ на постојната правна рамка и постојниот степен на точност на податоците кои се добиени од Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матични книги, основните судови и другите институции.

Бројката на пријавени болни и немоќни лица во споредба со локалните избори во 2013 година и предвремените парламентарни избори е помала, а тоа, според Чичаковски најверојатно се должи на упатството што ДИК го донесе уште пред парламентарните избори.

– Видлив е трендот и на предвремените парламентарни избори и на овие избори да се намалува оваа бројка. Можеби тоа е резултат на упатството кое го донесовме пред парламентарните избори каде што се прецизира одредбата од Изборниот законик која се однесува на начинот на одобрување на барање на гласање болни и немоќни, рече Чичаковски во интервјуто за МИА, додавајќи дека можеби станува збор и за различен приод на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

18 кандидати за градоначалник на Скопје, 20 листи за членови на Советот

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ