Чибишев: Министрите да користат велосипед наместо службено возило

Од:

Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа дека СДСМ и Заев во последните три и пол месеци покажале како не треба да се управува една држава и дека воопшти не водат грижа за загадувањето на воздухот.

– Владата на Социјал-демократскиот сојуз и Зоран Заев нема спроведено ниту една мерка за заштита на животната средина во изминатите 3 ипол месеци од нивното владеење. Македонија се соочува со значајни проблеми во однос на здравјето на граѓаните заради загадувањето на амбиенталниот воздух и животната средина, а владата на Социјал-демократскиот сојуз нема досега превземено ништо во 3 ипол месеци владеење.Потребно е да се спроведат акти, да се преземат итни мерки, а не секојдневно неаргументирано да се обвинува и да се носат недекларативни и несериозни заложби, рече Чибишев.

Тој побара забрзување на процесот со гасификација на државата и спроведување на активните мерки кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ги донесе, а тоа е замена на печките на дрва со печки на пелети, и популаризација на возењето на велосипеди, воедно повикувајќи ги министрите да користат велосипед, наместо службен автомоби.

– Потребно е и спроведување на мерката која што владата на ВМРО-ДПМНЕ ја донесе, а тоа е да се стимулира купувањето и употребата на електрични автомобили и инсталирање системи за возење на природен гас. Потребно е исто итно делување затоа што во спротивно цехот ќе го платат граѓаните со нарушување на нивното здравје. Владата секојдневно покажува неспособност на дело. Поради ваквата негрижа, неодговорност и неспособност граѓаните на 15-ти октомври ќе го казнат Социјал-демократскиот сојуз и Зоран Заев и целосно ќе ги делегитимираат, рече Чибишев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ