Експремиерот Никола Груевски на почетокот на четвртото продолжение на денешната седница на Апелациониот суд по 3 барања за изземање, извади лист од џебот на кој прочита дека на дел од информативните портали излегла информација во врска со изборот на Судечкиот совет односно дека постојат сомнежи за злоупотреба на АКМИС системот.
Груевски покрај изземање на Судечкиот совет побара и изземање на претседателот и заменик претседателот на Апелациониот суд.
Експремиерот побара и Судскиот совет и Врховниот суд да се позанимаваат со овие сомнежи.
Судијката Периќ даде нова пауза од 10 минути.
Виктор Јованов