Четврто обвинение за Груевски – На 24 јануари седнува на обвинителна клупа за уривањето на „Космос“

Од:

Никола Груевски, екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на 24 јануари во 10 часот седнува на обвинителна клупа.

Закажно е судење за предметот „ТНТ“ за уривањето на станбениот комплекс Космос на бизнисменот Фијат Цаноски, објави „Макфакс“.

Ова е четврто обвинение за кое се товари Груевски, по „Насилство“, „Траекторија“ и обвинението за „Тенк“. Останува неоценето обвиенението за предметот „Титаник“. Според АКМИС-от, предметот треба да го суди судијата Ивица Стефановски, но поради рокот за приговори поради годишниот распоред на судии до Врховниот суд, се очекува промена.

Покрај Груевски, во овој предмет обвинет е ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески, ексградоначалникот Тони Трајковски и уште 4 лица. Тие се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување. СЈО за нив има докази на 29 страници, меѓу кои се прислушувани разговори.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно