Четврти земјотрес за 7 дена ја стресе Македонија

Од:

Нов четврт земјотрес за една недела ја потресе Македонија. Денешниот бил со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала. Регистриран е во 11 часот и 14 минути, а потресот најмногу е почувствуван во Кичево, Крушево и околните населени места.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на околу 70 километри југозападно од Скопје.

Вчера беше почувствуван потрес со јачина од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала во 16 часот и 32 минути во Валандово и во Гевгелија.

Во средата пак земјотрес со епицентар во соседна Албанија ги стресе и северозападните делови на Македонија.

Првиот во низата земјотреси беше регистриран во понеделникот во Ресен и околината.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Црна Гора

А1он

Земјотрес во Црна Гора во близина на Никшиќ

Земјотрес во Русија

Два земјотреса за еден час во Романија

А1он

(ВИДЕО) Објавена е „црвена тревога“ во епицентарот на земјотресот на Филипините

Горан Наумовски

Земјотрес од 7,6 степени ги погоди Филипините, издадено e предупредување за цунами

Горан Наумовски