Четврти „Нацрт-извештај во сенка за Поглавјето 23“

Од:

Институтот за европска политика – Скопје денеска ќе го презентира четвртиот „Нацрт-извештај во сенка за Поглавјето 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година“.

На настанот воведни обраќања ќе имаат Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика и Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права. За тоа до каде е државата во исполнувањето на европските одредници во Поглавјето 23 ќе говорат Љубица Караманди Попчевски, државен советник во Министерството за правда, Владимир Георгиев член на Државната комисија за спречување на корупција и Зоран Билбилоски државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител.

Настанот е организиран во рамки на проектот „Мрежа 23 – Вмрежување за влијание (NETWIT 23)“, кој е имплементиран од Институтот за европска политика – Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права, а е финансиран од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград и Балканскиот фонд за демократија.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина