Четворица тетовци повредени во сообраќајка во Албанија

Од:

Четворица тетовци, татко и три сина, се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на излезот од албанскиот град Прењас.

Автомобилот, марка „Голф“ со тетовски регистарски таблички, границата ја минал преку преминот Ќафасан, кај Струга, а се движел во правец на Драч.

Според албанската полиција, тешката сообраќајна несреќа се случила кај месноста „Кривината на Пишкашит“ . Очевидци изјавиле дека автомобилот го изгубил правецот на движење, удрил и го пробил  заштитниот браник на патот, се превртел неколкупати и паднал во Линганц, притока на реката Шкумбин.

На припомош први пристигнале лица кои во тој момент патувале по тој патен правец, кои и ја информирале собраќајната полиција. Таа заедно со амбулантно возило веднаш стигнала на местото на несреќата. Повредените биле транспортирани во болницата во Прењас.

Како што пренесува агенцијата Балкан веб, тешко бил повреден Насип Рамадани од Тетово, кој управувал со возилото, додека трите други патници, кои биле негови синови, се полесно повредени. Четворицата во Албанија влегле како туристи  и планирале повеќедневен одмор во Драч.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он