Четворица тешко повредени во сообраќајка кај штипското село Лакавица

Од:

Во тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш кај селото Лакавица повредени се четири лица. Според портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова несреќата се случила во 14:47 часот меѓу товарно моторно возило со скопски регистерски таблички управувано од 37 годишен жител на Велес и автомобил марка „голф“ со радовишки регистарски ознаки управуван од 46 годишен маж од село Ињево, радовишко.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачите на камионот и автомобилот, како и сопатниците во него 41 годишната жена и 19 годишната девојка од радовишкото село Ињево. Увидот е во тек, вели Панајотова.

Таа додава дека повредените се пренесени во Клиничката болница Штип. Сообраќајот во двата правци е во прекин, но се пропуштаат само автобилили наизменично, бидејќи во тек е и отстранување на камионот од коловозот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва