Четворица скопјани пукале кон куќа на жител на Чаир

Од:

Вчеравечер, жител на скопската населба Чаир пријавил во полиција дека четворица негови сограѓани пукале со огнено оружје кон неговата куќа на улицата „Цветан Димов“.

„На 03.11.2020 околу 00.15 часот во СВР Скопје, А.К. пријавил дека на ул.„Цветан Димов“, од страна на М.Р., Е.Ф., Е.Ф. и Е.З., сите од Скопје, било пукано кон неговата куќа. Според пријавеното, од пукањето нема повредени лица, а оштетено било неговото патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки,“ се вели во полициското соопштение за настанот.

Полицајци излегле на местото и извршиле увид, при што биле пронајдени и подигнати пет чаури. Се преземаат мерки за
расчистување на случајот, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип