Четворица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Струга – Дебар

Од:

Вчера во 17.15 часот во полициската станица во Струга е пријавено дека на регионалниот пат Струга – Дебар, од крстосница за село Пискупштина кон село Луково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген голф“ управувано од Џ.И.(51) од село Делогожда, и возило „опел“ управувано од Х.Н.(47) од Струга.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката Ф.И.(46) од с.Делогожда, струшко, од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка од истото возило, И.Л.(73) од с.Делогожда, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Медицинскиот Центар во Струга.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски