Четворица повредени во две сообраќајни несреќи во тетовско

Од:

Четири лица се повредени во две сообраќајни несреќи што се случиле вчера во Тетово и околината.

Првата сообраќајна несреќа се случила околу 19 часот на локалниот пат Сиричино – Туденце, на излезот од Туденце, кога патничко возило „Форд фиеста“ со тетовски ознаки, управувано од  А.Ш ( 54 ) од Тетово излетало од патот и удрило во блиските дрвја. Во несреќата повреден е возачот и сопатникот Ш.Ш (50) кои со друго возило се пренесени во тетовската болница и по укажаната помош се пуштени на домашно лекување, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Половина час подоцна патничко возило „Опел вектра“ со тетовски регистерски таблици што го управувал Џ.Ф(53) од Теарце движејќи се по улица „Илинденска“ во Тетово во близина на крстосницата со локалниот пат за Брвеница загубило контрола, излетало од коловозот и удрило во електричен столб.

Од ударот сопатничката Џ.Ф (47) се здобила со сериозни повреди и по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница итно е пренесена на скопските клиники, додека нејзиниот 15-годишен сопатник поминал со полесни повреди и е пуштен дома. Вкупната материјална штета во втората сообраќајка се проценува на 50 илјади денари.

– Полицијата извршила увид на местото од двете сообраќајни несреќи и причина за двата инциденти е неприлагодена брзина поради што возилата завршиле надвор од патот, рече Јосифовски.                   

Според неговите информации во текот на јануари оваа година на поширокото тетовско подрачје се случиле вкупно 74 сообраќајни несреќи. Притоа едно лице, пешак, го загубило животот, три лица завршиле со тешки телесни повреди, 18 со лесни, а во 52 случаи е причинета само материјална штета која изнесува над три милиони и 100 илјади денари.

Најчеста причина за несреќите е неприлагодена брзина според условите на патот, односно пребрзо возење (22 несреќи) и неправилно вршење дејствие (13 несреќи).

Во февруари досега регистрирани се десетина „сообраќајки“ без загинати покажуваат полициските податоци.

Би можело да ве интересира

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Србин е осомничен за тешката сообраќајка со смртни последици која се случи кај Валандово

Горан Наумовски

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница

Во сообраќајка загина мигрантка од Кина, седуммина се повредени

Горан Наумовски

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат Удово – Валандово

Горан Наумовски