Четворица повредени со сообраќајка во Охрид

Од:

Полицијата извести дека вчера во 10.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15-ти Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале возило „фолксваген“ управувано од А.И.(50) од Р.Австрија, возило „поло“ управувано од Н.М.(40) од Охрид, како и паркирано товарно возило „фиат“.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „поло“ Н.М.(43) од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид, а со телесни повреди се здобиле А.И. и неговиот сопатник И.И.(50) од Охрид, како и уште една сопатничка од возилото „поло“ К.М.(22) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени