Се подобрува состојбата на повредените кај Сарамзалино

Од:

Сите пациенти кои се донесени вчера на скопските клиники, а кои беа повредени во сообраќајната несреќа на железничкиот премин кај Сарамзалино се во стабилна здравствена состојба и се надвор од животна опасност, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.

Од вкупно 12 повредени лица кои вчера беа донесени во Ургентниот центар во Скопје, осум се лекуваат болнички, а четворица по амбулантските прегледи се пуштени дома. На трауматологија се лекуваат пет пацинети со контузија на граден кош, кичма, скршеница на лумбален пршлен и од нив двајца се оперирани вчера, а еден ќе биде опериран денеска.

На Карил се лекуваат двајца пациенти на кои денеска им се прават контролни снимки. Посериозна е состојбата на една пациентка која има повреда на белите дробови и главата и е ставена на респиратор. Како што посочи Тодоров, таа денеска ќе биде подложена на контролно КТ снимање на главата. На неврохирургија е згрижен еден пациент со фрактура на черепот и крварења од увото.

Во велешката болница, пак, во моментов болнички се лекуваат шест пациенти на хирургија, а дома се пуштени тројца меѓу кои и трудницата, која е во добра општа состојба. Во текот на вчерашниот ден од оваа болница за Скопје се испратени вкупно пет  пациенти.

Во штипската болница во моментов болнички се згрижени четири пациенти од кои двајца на одделението за ортопедија и двајца на хирургија.

Во Скопје од оваа општа болница вчера се донесени четворица пациенти од оделението за ортопедија кои се здобиле со посериозни фрактури, а останатите повредени се пуштени на домашно лекување.

Во сообраќајната несреќа што се случи вчера на автопатот Велес-Штип кај железничкиот премин Сарамзалино кога воз удри во автобус повредени беа вкупно 32 патника.

Би можело да ве интересира

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски