Четворица повредени, двајца тешко во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Од:

Четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа, која случи утринава во 6:50 часот на регионалниот пат Штип-Кочани во близина на селото Крупиште. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека повредените се хоспитализирани во болницата, од кои двајца се со тешки телесни повреди, а двајца од повредените се пуштени на домашно лекување.

– Двајцата тешко повредени пациенти се уште се на снимање и иследување. Прегледани се од ортопед и хирург. Состојбата на пациентите се следи, вели Шуманска.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека до несреќата дошло при судир на две патнички моторни возила, но како се случила повеќе информации во текот на денот. Во тек е увид на местотото на несреќата од страна на истражните органи.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он