Четворица починати и 85 новозаразени со Ковид-19

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-9, Дебар-3, Штип-9, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Кавадарци-6, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Виница-1, Кичево-7.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени пациенти од: Скопје-1, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Демир Хисар-2, Делчево-1, Свети Николе-13, Кичево-7.

Починати се 4 лица, два пациенти од Скопје (72г. и 84г.), пациент од Дебар (62г.), и пациентка од Штип (66г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11839, бројката на оздравени пациенти е 7664, на починати е 527, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3648. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5149, активни 1335
• Куманово 1148, активни 276
• Дебар 219, активни 127
• Штип 953, активни 400
• Прилеп 345, активни 49
• Тетово 1088, активни 190
• Струга 478, активни 195
• Велес 234, активни 23
• Битола 165, активни 72
• Охрид 297, активни 89
• Кавадарци 110, активни 88
• Гостивар 562, активни 326
• Гевгелија 24, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 41, активни 25
• Крива Паланка 26, активни 12
• Радовиш 33, активни 10
• Крушево 16, активни 7
• Кочани 112, активни 24
• Пробиштип 63, активни 21
• Демир Хисар 43, активни 30
• Македонски Брод 51, активни 40
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 7, активни 1
• Виница 30, активни 26
• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 4
• Свети Николе 239, активни 114
• Кичево 196, активни 116
• Ресен 146, активни 17
• Неготино 31, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1188 теста се преку: ИЈЗ-696, ЦЈЗ Скопје-17, Авицена-145, Биотек-88, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-6, Систина со PCR метода -155, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-67, Инфективна клиника-6, ГАК-8. Досега во земјата се направени вкупно 114807 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, а 5 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска