Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.814 тестови, а регистрирани се нови 815 случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (815), регистрирани се 158 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Велес (86г и 74г) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица, од Скопје (88г и 88г), двете лица се починати во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 19-29.07.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.120.452 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 328.995, бројот на оздравени пациенти е 315.083, на починати е 9.377, а бројот на активни случаи изнесува 4.535.