Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информира Министерството за здравство. Најмногу заразени се регистрирани во Скопје – 59.
По градови статистиката е следна:
– Скопје 59
– Куманово 12
– Штип 7
– Прилеп 1
– Тетово 5
– Струга 6
– Велес 1
– Охрид 1
– Кавадарци 1
– Гостивар 3
– Кочани 3
– Пробиштип 2
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84-годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Тетово на 75-годишна возраст, примен на 24 мај, пациент од Куманово на 71-годишна возраст, примен на 26 мај, и пациент од Скопје на 58-години, примен на 30 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти, осум од Тетово и двајца од Велес.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројката на оздравени пациенти е 1.605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.
Последната дистрибуција по градови е следната:
• Скопје 987, активни 396
• Куманово 481, активни 66
• Дебар 51, активни 0
• Штип 111, активни 76
• Прилеп 213, активни 30
• Тетово 236, активни 82
• Струга 90, активни 18
• Велес 133, активни 28
• Битола 28, активни 3
• Охрид 24, активни 7
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 32, активни 11
• Гевгелија 4, активни 0
• Струмица 4, активни 2
• Крива Паланка 6, активни 0
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 41, активни 10
• Пробиштип 5, активни 3
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 1, активни 0
• Валандово 2, активни 1
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 2, активни 2
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 974 теста се преку: ИЈЗ –434, ЦЈЗ Скопје – 40, „Авицена“ –88, Биотек -129, Жан Митрев (Филип Втори) –101 , „Систина“ со PCR-метода – 89 и МАНУ – 93. Досега во земјата се направени вкупно 32161 тестирања на Ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.
Во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. Од нив 22 се потешко болни и на кислородна поддршка.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 34 пациент. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 9 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 16, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 26 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.