А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Четворица обвинители сметаат дека преквалификацијата на делото за Алмир е повреда на законот

by А1он16/03/2018 - 15:11177
Share0

Јавните обвинители Ферат Елези, Башким Бесими, Џелал Бајрами и Исмаил Дардишта во врска со случајот на малиот Алмир сметаат дека со прекфалификацијата на кривичното дело „убиство“ во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ е сторено повреда на основните начела на Законот за јавното обвинителство, кои воедно се и основни и темелни вредности на Уставот на РМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во дописот до медиумите потпишан од четворицата обвинители на Јавното обвинителство на Република Македонија стои:

– Во врска со настанот познат во јавноста како случај на малиот Алмир, ние јавните обвинители од Јавното обвинителство на РМ сакаме да ја информираме пошироката јавност дека со прекфалификацијата на кривичното дело „убиство“ предвидено во член 123 ст.2 т.3 од КЗ на РМ во кривично дело од областа на сообраќајот предвидено во член 300 ст.2 во врска со член 297 ст.1 од КЗ на РМ како тепки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, е сторено повреда на основните начела на Законот за јавното обвинителство како што се начелото на законитост, непристрасност, објективност и заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот кои воедно се и основни и темелни вредности на Уставот на РМ, стои до соопштението.

Се наведува дека Елези, Бесими, Бајрами и Дардишта уште при реферирање на овој случај во ЈОРМ имале ист став и оти се уште остануваат на него дека обвинителниот акт КО бр.697/2016 од 19.12.2016 година на ОЈО Куманово кореспондира во целост со дејствијата на обвинетиот како што и бил првично обвинет за кривично дело Убиство предвидено во член 123. ст.2 т.3 од КЗ на РМ.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Ваквиот наш стручен став е образложен и на одржаните колегиуми во ЈОРМ во врска со овој настан, стои во дописот до медиумите испратен од четворицата обвинители.

Обвинителството од Куманово на вчерашното судско рочиште во завршниот збор го преквалификува обвиниението протов Бобан Илиќ за случајот „Алмир“ од „убиство“ во кривично дело „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот “ од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичен Законик. Судот го укина притворот на првообвинетиот Илиќ поради надминување на законски предвидениот период од поднесување на обвинението.

Обвинетиот Илиќ се товари за прегазување на четиригодишниот Алмир Алиу на 25 јуни 2016-та година, по претходна банална расправија со таткото на момчето, во кумановскиот Здравствен Дом на улицата „Борис Кидрич“. Четиригодишниот Алмир почина од здобиените повреди на 1 јули 2016 година.

Almirobvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски06/05/2026 - 19:0706/05/2026 - 19:32

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски28/04/2026 - 19:5428/04/2026 - 20:24

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он25/04/2026 - 11:11

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Предраг Петровиќ24/04/2026 - 19:25

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Горан Наумовски27/03/2026 - 12:19

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ04/03/2026 - 15:1004/03/2026 - 15:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто