Четворица новозаразени од коронавирусот во Кичево

Од:

Од вкупниот број новорегистрирани случаи на КОВИД-19, четири лица се од Кичево.Со ова, во општина Кичево, вкупниот број порасна на 44. Од оваа бројка 38 се активни случаи, петмина граѓани се излекувани, додека едно лице почина.

-Новозаболените се лица од познати кластери, а поради лесна клиничка слика поголемиот дел инфицирани се наоѓаат на домашно лекување и во изолација. Помал помал дел се на инфективното оделение во Битола , информира Емин Насуфи од кризниот штаб при општина Кичево.

Тој додаде дека општинскиот кризен штаб будно ја следи состојбата, за да не дојде до забрзан пораст на новоинфицирани од Ковид-19. Останува, вели, и апелот за придржување кон мерките за заштита од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски